Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лејкерс без Дончиќ и на првиот домашен меч против Оклахома

/

пред 147 дена

Сподели преку :

Лос Анџелес лејкерс и натаму не можат да сметаат на Лука Дончиќ, кој продолжува со рехабилитацијата по повредата на задната ложа. Словенецот и официјално нема да биде во составот за третиот натпревар против Оклахома во плеј-офот.

Дончиќ сè уште не е подготвен за настап, иако веќе почна со лесни тренинзи, трчање и шутирање. Сепак, тој и натаму не може целосно да му се приклучи на тимот. Поради тоа, ќе го пропушти третиот натпревар против Оклахома во полуфиналето на Западната конференција, односно првиот дуел на домашен терен во оваа серија. Под голем знак прашалник останува и неговиот настап на четвртиот натпревар.

Словенецот ја повреди задната ложа на 4 април, а според првичните информации требаше да паузира околу осум недели. Тој замина и на специјална терапија во Мадрид во обид да ја забрза рехабилитацијата, но сè уште не е подготвен да се врати на паркетот. Тоа значи дека Лејкерс најверојатно ќе мораат и натаму без негова помош против актуелниот шампион.

Доколку тимот од Лос Анџелес приреди големо изненадување и ја елиминира Оклахома, тогаш Дончиќ би можел да биде подготвен за настап во конференциското финале.