Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лејкерс го мина Мемфис, Сакраменто се избори за мајсторка

/

пред 1255 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на ЛА Лејкерс со триумфот над Мемфис од 125:85 успеаа да се пласираат во полуфиналето од разигрувањето за шампионската титула во Западната конференција.

ЛеБрон Џејмс мечот го заврши со 22 поени и шест асистенции, Д’Анџело Расел беше стрелец на 31 поен додека Ентони Дејвис впиша 16 поени и 14 скока.

Во поразениот тим Дезмонд Бејн забележа 15 поени и пет освоени топки под обрачите, а Санти Алдама додаде 16 поени и пет скока.

Сакраменто како гостин славеше над Сакраменто со 118:99 и се избори за седми натпревар во кој ќе се решава последниот полуфиналист на Западот.

Де’Арон Фокс имаше учинок од 26 поени и 11 додавања, Малик Монк стигна до 28 поени и седум скока додека Киган Мареј забележа 15 поени и 12 освоени топки.

Во редовите на актуелниот шампион најефикасен со 29 поени беше Стефон Кари, а Клеј Томпсон постигна 22.

Во второто полуфинале на Западот се среќаваат Денвер и Феникс додека во Источната конференција за место во финалето ќе се соочат Њујорк – Мајами и Бостон – Филаделфија.