Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левандовски ја пропушта Холандија, неизвесен е и за Австрија

/

пред 846 дена

Сподели преку :

Полската фудбалска репрезентација доживеа голем пех, бидејќи Роберт Левандовски се повреди и сигурно го пропушта првиот натпревар на Европското првенство против Холандија во недела во рамки на групата Д.

Голгетерот се повреди за време на вчерашниот пријателски натпревар со Турција и тоа по само 33 минути игра. Левандовски има повреда на повреда на мускулот на ногата.

Полскиот медицински тим ќе се обиде да го оспособи за игра за 2.коло на континенталниот турнир против Австрија што се игра на 21 јуни, но неговиот настап повторно е под знак прашалник. Во последното коло од групната фаза, Полска игра со фаворитот Франција на 25 јуни.