Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левандовски може да се пресели во Саудиска Арабија

/

пред 1028 дена

Сподели преку :

Два клуба од Саудиска Арабија се заинтересирани за комплетирањето на трансферот на Роберт Левандовски.

Челниците на Барселона не се задоволни од учинокот на полскиот репрезентативец и се чини дека се подготвени за предвремен прекин на соработката и за соодветно обештетување тој да добие дозвола да замине на Блискиот исток.

Поради учинокот на теренот во Барселона сметаат дека Полјакот е големо оптоварување на буџетот за плати и веруваат дека 23-те милиони евра по сезона може подобро да се искористат.

Неофицијално во преговорите за трансферот на Левандовски веќе се вклучиле два клуба, но првите контакти биле со него и веќе на првата средба тие изразиле подготвеност двојно да му ја зголемат платата доколку тој се реши да дојде уште во текот на јануарскиот преоден рок.

Според последните информации се ќе биде познато на почетокот од следната година кога и Барселона со парите од обештетувањето ќе може да ангажира ново име во нападот.

ФОТО: Игор Паневски