Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливерпул и Арсенал ќе преговараат со Мбапе

/

пред 1041 дена

Сподели преку :

Напаѓачот на француската репрезентација Килијан Мбапе од првиот ден на следната година влегува во последните шест месеци од договорот со Пари Сен Жермен и според правилата тој може да почне преговори со клубовите кои се заинтересирани за неговото ангажирање во текот на летниот преоден.

Иако за најголем фаворит за комплетирање на трансферот се сметаше мадридски Реал, но се чини дека Кралскиот клуб се откажа од намерата да го доведе во своите редови, а според последните информации во трката за Мбапе влегуваат Ливерпул и Арсенал.

Клубот од Енфилд игра на картата дека во комплетирањето на трансферот може да помогне спонзорот, Најк и дека тоа може да биде клучниот фактор за доаѓањето на еден од најдобрите фудбалери на светот.

Додека Арсенал смета дека ќе успее да обезбеди буџет за да ги понуди најдобрите финансиски услови за доаѓањето на Мбапе во Лондон.

ФОТО: Игор Паневски