Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливерпул има две опции за централен дефанзивец

/

пред 1163 дена

Сподели преку :

Ангажирање на еден централен дефанзивец и играч од средниот ред е приоритет за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во следниве недели од летниот преоден рок.

За засилување на одбраната Клоп има две опции, Андреас Кристенсен од Барселона и Јошко Гвардиол од Лајпциг додека за втората позиција во тимот најблиску до преселба на Енфилд е играчот на Саутемптон, Ромео Лавија.

Токму од реализацијата на трансферот на Лавија зависи и одлуката околу ангажирањето на централниот дефанзивец.

Доколку за репрезентативецот на Белгија се платат 50 милиони фунти тогаш како решение за одбраната автоматски се наметнува трансферот на Кристенсен.

Имено за поранешниот фудбалер на Челзи обештетувањето изнесува 50 милиони евра додека за евентуалниот трансфер на Гвардиол, кој не успеа да се пресели во Манчестер Сити ќе мора да се издвои двојно поголема сума.

ФОТО: Игор Паневски