Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливерпул ќе преговара за трансфер на Паредес

/

пред 1507 дена

Сподели преку :

По лошиот старт на сезоната и освоени само два бода во првите три кола како и проблемите кои Јирген Клоп ги има со средниот ред во екипата го принудија менаџерот на Ливерпул од челниците на клубот до крајот на летниот преоден рок да се ангажира уште еден фудбал.

Прв на листата на потенцијални кандидати за пристигнување на Енфилд Роуд е фудбалерот на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес.

Аргентинецот во моментов не е во прв план кај новиот тренер на францускиот првак и тој има дозвола од клубот да ја смени средината.

Паредес во текот на летото беше поврзуван со трансфер во Јувентус, но висината на обештетувањето од 20 милиони евра беше главната причина зошто тој не се реализираше.