Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лос Анџелес го одреди темниот на одржување на ЛОИ 2028

/

пред 1539 дена

Сподели преку :

Иако до почетокот на Летните олимписки игри чиј домаќин Лос Анџелес има уште шест години, организаторите го одредија терминот на одржување на најголемото спортско натпреварување.

Игрите обично се во термин од последната недела во јули и првата во август, но Лос Анџелес се реши за термините од 14 до 30 јули, а церемонијата на свеченото отворање ќе се одржи на SoFi стадионот, кој е еден од најмодерните во светот.

Лос Анџелес по трет пат во историјата ќе биде домаќин на Олимпијадата откако претходно најдобрите спортисти на планетава настапуваа во 1932 и 1984 година.

Градот е целосно подготвен за натпреварувањето бидејќи има доволно објекти каде ќе се одржуваат настаните, а буџетот од 6,8 милијарди долари се планира за подобрување на инфраструктурата.