Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лукаку потпиша тригодишен договор со Наполи

/

пред 767 дена

Сподели преку :

Ромелу Лукаку конечно си замина од редовите на Челси и во следните три сезони ќе го носи дресот на Наполи. Италијанскиот клуб ќе плати обештетување од 30 милиони евра плус бонуси.

Белгиецот лани беше на позајмица во Рома, а претходно во Интер. Во Челси беше надвор од плановите на менаџерот Енцо Мареска па доаѓа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ по инсистирање на тренерот Антонио Конте со кого имаше одлична соработка во Интер во минатото.

Во Неапол денеска пристигна и Скот Мектоминеј од Манчестер јунајтед чиј трансфер наскоро ќе се официјализира.