Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Луксембург редовна “жртва” на Роналдо

/

пред 1290 дена

Сподели преку :

Фудбалската репрезентација на Португалија продолжи со убедливите победи во квалификациите за Европското првенство.

По триумфот од 4:0 во првиот натпревар против Лихтенштајн, составот предводен од новиот селектор Роберто Мартинез вчера го декласираше Луксембург со 6:0.

Капитенот на Португалците, Кристијано Роналдо го подобри сопствениот рекорд по бројот на одиграни натпревари за националниот тим.

За него ова беше 198 настап и стигна до бројката од 122 гола, а во соочувањата со Луксембург дојде до 12 погодоци.

Токму Луксембург е селекцијата против која Кристијано Роналдо постигнал најмногу погодоци во кариерата.

ФОТО: Игор Паневски