Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Љутиќ со втора слаломска победа по ред за прво место во Светскиот куп

/

пред 637 дена

Сподели преку :

Зринка Љутиќ славеше на еднешната слаломска трка во Крањска Гора во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

За хрватската скијачка ја оствари втората слаломска победа по ред, бидејќи минатиот викенд славеше и во Земеринг, Австрија. Љутиќ до триумфот стигна со вкупно време по двете трки од 1:39,62 минути и за 16 стотинки беше побрза од Венди Холденер од Швајцарија, додека трета беше Ана Свен Ларсон од Шведска со 1,19 секунди послабо време.

Љутиќ со денешната победа се проби на првото место во слалом со 309 бодови, а исто така изби и на првото место во генералниот поредок со 456 бодови, девет повеќе од Сара Хектор и 23 повеќе од Камил Раст.

Следниот викенд скијачките ќе се натпреваруваат во австриски Сент Антон во спуст и супер велеслалом.