Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија бележи пад од две места на ранг листата на ФИФА

/

пред 837 дена

Сподели преку :

По двата порази во контролните натпревари што ги одигра во текот на овој месец фудбалската репрезентацијата на Македонија бележи пад од две места на ранг листата на ФИФА.

Нашата селекција следните четири недели ќе ги мине на 71-то место зад репрезентацијата на Исланд која напредуваше две позиции, а пред националните тимови на Црна Гора, Северна Ирска и Грузија.

Од нашите следни противници во Лигата на нации, Ерменија се наоѓа на 96-тото место, Летонија е 138-ма, а веднаш зад неа е репрезентацијата на Фарски Острови.

На чело и натаму е Аргентина пред Франција и Белгија, следуваат Бразил и Англија кои ги заменија местата, а најдобрата десеторка на планетава ја заокружуваат Португалија, Холандија, Шпанија, Хрватска и Италија.

ФОТО: Игор Паневски