Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија доби лесна група во квалификациите за ЕП 2026

/

пред 927 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите за пласман на Европското првенство во 2026 година што ќе се одржи во Данска,  Норвешка и Шведска. Ждрепката во Копехаген ни донесе релативно лесна група.

Македонија во евроквалификациите ќе игра во Групата 1 заедно со фаворитот Словенија и балтичките ривали Литванија и Естонија. Според реномето и квалитетот, Словенија е главен кандидат за првото место во групата, а Македонија за второто. Литванија и Естонија не се селекции кои би требало да ни претставуваат преголем проблем.

Во квалификациите учествуваат 32 репрезентации, кои се поделени во осум групи по четири селекции. Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првите две репрезентации од сите осум групи и четирите најдобро третопласирани селекции. Домаќините на Европското првенство Данска, Норвешка и Шведска нема да играат квалификации, туку заедно со европскиот првак Франција ќе играат Евро Куп.
Натпреварите од евроквалификациите ќе стартуваат во октомври 2024 година, а потоа ќе има уште два термини во март и мај 2025 година.
За потсетување, македонската ракометна репрезентација моментално се фокусира на априлскиот бараж двомеч со Фарски Острови за пласман на Светското првенство идниот јануари.