Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија домаќин на европските одбојкарски надежи

/

пред 1501 дена

Сподели преку :

Од утре Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на Европското првенство за одбојкарки до 19 години.

На шампионатот партиципираат 12 селекции кои ќе бидат поделени во две групи кои ќе се борат за медали.

Македонија е дел од првата група во која настапуваат уште селекциите на Италија, Словенија, Полска, Грција и Финска, која е и првиот наш противник.

Нашата селекција мечевите ќе ги игра во арената Борис Трајковски, а мечот против Финска почнува во 20 часот и 30 минути. За 15:30 закажан е почетокот на дуелот Италија – Словенија, а од 18:30 часот ќе се соочат Полска и Грција.

Во втората група ќе се натпреваруваат Србија, Швајцарија, Турција, Холандија, Хрватска и Романија, а натпреварите од оваа конкуренција ќе се играат во СЦ Јане Сандански.

ФОТО: Игор Паневски