Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија ЃП ги раскина договорите со четири фудбалери

/

пред 1024 дена

Сподели преку :

Македонија ЃП објави дека по завршувањето на првиот дел од сезоната ја прекинува соработката со четири фудбалери.

Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски во продолжението од сезоната нема да бидат дел од тимот од Ѓорче Петров и може без проблеми да ја сменат средината.

Од управата на клубот на играчите им се заблагодарија за нивниот придонес во изминатиов период и им посакаа успех во продолжението од кариерата.

Македонија ЃП првиот дел од шампионатот го заврши на десеттата позиција со вкупно 18 бода, а обезбеден е и пласман во полуфиналето од Купот на Македонија, натпреварување во кое екипата од Ѓорче Петров триумфираше во последните две изданија.

ФОТО: Игор Паневски