Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија ќе игра пријателска со Чешка во Прага

/

пред 978 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација договори нов силен пријателски натпревар во месец јуни. Нашите најдобри фудбалери ќе и гостуваат на Чешка, која ќе се подготвува за Европското првенство.

Македонија на 3.јуни има договорено пријателска со Хрватска во Ријека, а седум дена подоцна ќе гостува и во Прага кај Чешка. Тоа ќе бидат исклучително силни контроли за нашиот национален тим, кои ќе му послужат на селекторот Благоја Милевски добро да ги подготви фудбалерите за натпреварите од Лигата на нации, кои почнуваат во септември.

„Противникот бараше натпревар против нас, а тоа е потврда и за нашиот квалитет. Репрезентација на Чешка, учесник на претстојното Европско првенство, ќе биде поттик за нашата репрезентација да влезе во натпреварувачки ритам пред да започнеме со официјалните натпревари од новото издание на Лига на нации“, рече селекторот Милевски за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија.

Репрезентацијата на 8.февруари ќе ги дознае противниците во својата група во рамки на Лигата на нации во Ц-дивизијата.