Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија на 135. место на ФИФА ранг листата во женска конкуренција

/

пред 1024 дена

Сподели преку :

На најновата ФИФА ранг листа на националните тимови во женска конкуренција, репрезентацијата на Македонија се наоѓа на 135. позиција што е пад за шест места во однос на претходното рангирање.

Лидер е репрезентацијата на Шпанија која напредуваше една позиција, а скок од едно место бележи и селекцијата на САД која во моментов е трета.

Франција годината ќе ја заврши на третото место што е напредок од две позиции додека на четврта и овој месец е Англија.

Најголем пад од четири места бележи Шведска која е петта, а меѓу првите десет најдобри репрезентации меѓу дамите се Германија, Холандија, Јапонија, ДР Кореа и Канада.

Од земјите во регионот најдобар пласман има Србија која е на 36. место, Хрватска е 58-ма, а Босна и Херцеговина е на 64-тата позиција.

ФОТО: Игор Паневски