Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија на Европското првенство стартува против Бугарија во Софија

/

пред 327 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска репрезентација во машка конкуренција го дозна распоредот на натпреварите на претстојното Европско првенство што ќе се одржи идната година. Нашиот тим ќе го отвори турнирот против еден од ко-домаќините Бугарија.

Првиот натпревар на континенталниот турнир одбојкарите ќе го одиграат на 9.септември во Софија и тоа против Бугарија во рамки на групата А. Потоа на 11 септември, во второто коло, Македонија ќе се соочи со Украина. Дуелот од третото коло против Полска го играме  на 13 септември, а потоа на 15 и 16 септември во последните две рунди од групата ќе ги одмериме силите со Португалија и Израел. Најдобрите четири екипи од четирите групи на ЕвроВолеј ќе обезбедат пласман во
осминафиналето.

За машкиот национален тим ова е четврто учество на еден континентален собир во низа.

ЕвроВолеј 2026 ќе се игра од 9 до 26 септември следната година, а организатори освен нашиот источен сосед Бугарија се уште и Италија, Финска и Романија.