Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија остана на 68. место на ФИФА ранг листата

/

пред 1174 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација и овој месец ќе го мина на 68 место на ранг листата на ФИФА.

Поради фактот што во овој период не се одиграа голем број на натпревари нема некои поголеми измени во редоследот на националните тимови.

Лидер и натаму е Аргентина пред Франција и Бразил. Нашиот ривал во квалификациите за Европското првенство, Англија остана на четвртото место, а петта е селекцијата на Белгија.

Хрватска е шеста пред Холандија и вториот наш конкурент во квалификациите, Италија.

Листата од десет најдобри на светот ја заокружуваат Португалија и Шпанија.

Украина и овој месец останува на 24. место додека последниот наш ривал од квалификациите за континенталното првенство, Малта сега е на 171 позиција.

ФОТО: Игор Паневски