Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија славеше на контролата против Сесвете

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација денеска во Вараждин во рамки на подготовките за Светското првенство одигра контролен натпревар со хрватскиот прволигаш Сесвете и славеше победа од 42-28.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров дојдоа до убедлив триумф против тимот што е предводен од хрватската легенда Игор Вори. На полувремето Македонија водеше со18-12, а во вториот дел одигра уште поефикасно за победа од 14 голови разлика.

Пред само два дена Македонија играше пријателска со Хрватска на која загуби со 27-25. До почетокот на Светското првенство нашиот тим треба да одигра уште еден контролен натпревар и тоа со селекцијата на Зеленортски Острови во недела.

Македонија натпреварите на Мундијалот во Вараждин ги започнува на 15-ти јануари против Унгарија. Два дена подоцна играме и со вториот фаворит во нашата група Д, Холандија, а во последното коло ќе ги одмериме силите со дебитантот Гвинеја.

Во главната фаза ќе се пласираат првите три репрезентации од групата, каде ќе вкрстат со најдобрите три селекции од групата Ц во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт.