Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија со пад од три позиции на ранг листата на ФИФА

/

пред 963 дена

Сподели преку :

Светската фудбалска федерација ја објави најновата ранг листа на која репрезентацијата на Македонија има пад од три места и во следните четири недели ќе биде на 68. позиција.

Нашата селекција во овој период немаше настап, а падот е последица на постигнатите резултати на репрезентациите кои беа дел од континенталните шампионати на Африка и Азија и пред Македонија се најдоа националните тимови на Узбекистан, Зеленортските острови и ДР Конго.

Нема измени меѓу водечките селекции и на чело останува Аргентина пред Франција, Англија, Белгија и Бразил.

Шеста е Холандија, а на седмото место е репрезентацијата на Португалија додека најдобрата десеторка ја заокружуваат Шпанија, Италија и Хрватска.

ФОТО: Игор Паневски