Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија утре во 10 часот со Португалија во финалето на Били Џин Кинг купот

/

пред 1548 дена

Сподели преку :

Обилните врнежи од дожд во текот на денот ги принудија организаторите на Били Џин Кинг купот што се одржува во Скопје за утре да го одложат финалното соочување меѓу репрезентациите на Македонија и Португалија.

Решавачкиот дуел за пласман во повисок ранг од натпреварувањето ќе се одигра в недела со почеток во 10 часот на централниот терен на ТК Југ во Градскиот парк, а влезот за сите заинтересирани е бесплатен.

До крајот на турнирот ќе се одигра само финалното соочување додека останатите мечеви за пласман поради дождот нема да се одиграат.

ФОТО: Игор Паневски