Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија во група со Косово и Бугарија од Ц Лигата на нации

/

пред 1253 дена

Сподели преку :

Денеска во Нион со жрепка беа одредени групите за првото издание на Лигата на нации во женска конкуренција.

Репрезентацијата на Македонија според рејтингот е дел од Ц лигата и во оваа конкуренција е дел од петтата група во која ќе се натпреварува заедно со селекциите на Косово и Бугарија.

Првата и втората рунда од премиерното издание на Лигата на нации ќе се игра во периодот од 20 до 26 септември.

Третото и четвртото коло на програмата се од 25 до 31 октомври додека последните две рунди ќе се играат од 29 ноември до петти декември.

Победниците од секоја група во Б и Ц лигите ќе бидат промовирани во повисок ранг од натпреварувањето.

Три од шесте најдобро вторпласирани репрезентации од Ц лигата ќе се соочат со трите најдобри освојувачи на третата позиција во Б лигата за пласман во повисок или преселба во понизок ранг.

Победниците во следното издание ќе бидат дел од Б, а поразените од Ц лигата.

ФОТО: Игор Паневски