Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија загуби од Србија на последната контрола во стара Пазова

/

пред 643 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација загуби од Србија на последната пријателска средба за време на подготовките во Стара Пазова пред настапот на Светското првенство во јануари.

Нашите ракометари денеска загубија од Србија со 34-29, а по првото полувреме резултатот беше 17-17. За време на подготовките во Стара Пазова, Македонија славеше два пати на дуелите со Нови Београд и Динамо Панчево, во натпревари што се играат три пати по 30 минути.

Утре нашата селекција ќе одработи утрински тренинг и ќе се врати во Македонија, по што ракометарите ќе добијат неколку слободни денови за Нова Година. Потоа тренинзите ќе продолжат во Скопје до 7.јануари, кога тимот ќе замине за Хрватска и ќе одигра пријателски дуел со домашната селекција. Последниот дел од подготовките Македонија ќе ги одработи во Вараждин, каде и ги играме натпреварите од групата Д на Светското првенство.

Првиот дуел е закажан за 15.јануари против Унгарија, два дена подоцна играме со Холандија, а во последното коло ќе се соочиме и со Гвинеја на 19.јануари. Првите три репрезентации ќе обезбедат место во главната фаза на Мундијалот, а последнопласираната селекција продолжува во Президент купот и ќе разигрува за пласман од 25.место до 32.место.