Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонски репрезентативец МВП во Лигата на шампионите

/

пред 1241 дена

Сподели преку :

Членот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Ти Џеј Шортс го доби признанието за мајкорисен играч во годинешното издание од Лигата на шампионите.

Признанието му е доделено само еден ден од тој го предводеше тимот на Бон во триумфот над домаќинот на завршниот турнир Уникаха и обезбеди пласман во финалето каде за трофејот ќе се бори против Хапоел Ерусалим кој е предводен од поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ.

Македонскиот репрезентативец во текот на сезонава имаше просек од 18,9 поени и 7,1 асистенции по натпревар.

Ова е второ големо признание за Шортс кој претходно е прогласен за МВП и во првенството на Германија.

Македонскиот репрезентативец е дел и од идеалната петорка во Лигата на шампионите каде се најдоа уште Марселињо Уертас (Тенерифе), Дарио Бризуела (Уникаха), Аки Мичел (АЕК) и Зак Хенкинс (Хапоел)

ФОТО: ФИБА