Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските клубови ги добија противниците во ЕХФ натпреварувањата

/

пред 810 дена

Сподели преку :

Македонските претставници кои ќе партиципираат во Европскиот куп денеска ги добија противниците.

Од трите наши тима во машка конкуренција први ќе стартуваат ракометарите на Тиквеш кои во првото коло ќе се соочат со Драма. Кавадарчани во првиот меч го играат на 14 или 15 септември во Грција, а реваншот е недела дена подоцна на домашен терен.

Во второто коло натпреварувањето го почнува Алкалоид кој ќе се сретне со Драгунас од Литванија додека Охрид за противник го има романскиот состав Потаиса.

Натпреварите се играат на 19 или 20 октомври, а реваншите се седум дена потоа.

Противникот во квалификациите за Европската лига го доби женскиот шампион Ѓорче Петров ќе сретне со Хурс од Шведска и доколку успее да го мине противникот во дуелот за влез во фазата по групи ќе се соочи со Париз.

ФОТО: Игор Паневски