Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските претставници ги добија противниците за 2. коло

/

пред 1576 дена

Сподели преку :

Денеска во Нион со жрепка беа одредени двојките за второто коло во европските клупски натпреварувања.

Доколку Шкупи успее да ја мине првата пречка во квалификациите од Лигата на шампионите го очекува дуел против загрепски Динамо. Шкупи е фаворит во мечот против првакот на Гибралтар, Линколн, но доколку не успее да го елиминира настапот го продолжува во Конференциската лига и таму би се сретнал со победникот од мечот меѓу Ференцварош и Тобол од Казахстан.

Македонија ЃП како победник на Купот на Македонија е слободна во првото коло од квалификациите во Конференциската лига, а во втората рунда ќе се соочи со ЦСКА од Софија.

Доколку Академија Пандев биде поуспешна во првото коло во второто ќе игра против Рапид Виена додека Шкендија би се соочила со Валмира од Летонија.

ФОТО: Игор Паневски