Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските тенисерки на стартот против Египeт во Били Џин Кинг Купот

/

пред 181 дена

Сподели преку :

Женската тениска репрезентација на Македонија од утре ги стартува мечевите во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот што се играат во Бања Лука.

Македонија се наоѓа во групата Б, а противници ни се репрезентациите на Бугарија, Мароко, Египет и Јужна Африка. Нашата репрезентација е со подмладен тим, па боите на Македонија ќе ги бранат, Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска, додека деби на селекторската позиција има Кристијан Вангелов.

Утре во првото коло македонските тенисерки ќе играат против репрезентацијата на Египет, која заедно со Бугарија важи за фаворит за првото место во групата. Во второто коло во вторник Македонија ќе биде слободна.

Преостанатиот распоред на натпреварите ќе биде дополнително познат.