Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макпетрол број 1 во Македонија: Доби 11 признанија на изборот за најдобри на МКФ

/

пред 980 дена

Сподели преку :

Карате федерацијата на Македонија синоќа ги прогласи најдобрите за 2023 година.  Најуспешен и оваа година е карате клубот Макпетрол од Скопје, кој се закити со дури 11 признанија.

Изминатата година Макпетрол имаше фантастични резултати како на домашната така и на меународната сцена со освоени многу медали. Клубот е најдобро рангиран во сениорска и младинска конкуренција и со право го носи епитетот најдобар клуб во Македонија.

Најдобар тренер во серниорска конкуренција е Бошко Заборски, додека во младинска конкуренција најдобар тренер е Петар Заборски, кој го освои второто место во сениорска конкуренција како каратист.

Витомир Трајковски е прв во постари јуниори, додека во истата конкуренција Стефан Стојановиќ беше втор. Ангела Мојсовска го освои првото место во сениорска конкуренција, а Петар Спасеновски беше трет кај сениорите. Викторија Јовановска е прва кај постари јуниорки, додека Јована Мицовска беше трета.

Карате клубот Макпетрол е на врвот на домашната карате сцена речиси три децении.