Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манчестер Јунајтед ќе гради нов стадион со 100.000 места

/

пред 572 дена

Сподели преку :

Малцинскиот сопственик на Манчестер Јунајтед, кој очигледно има договор да решава за сите потези во клубот најавува дека наскоро легендарниот Олд Трафорд ќе замине во историјата.
Џим Ретклиф најави дека се планира изградба на нов стадион кој ќе има капацитет од 100.000 места.

Во клубот сметаат дека Манчестер Јунајтед му е потребен нов, модерен објект, а како основна причина се наведува фактот дека Олд Трафорд кој е изграден во 1910 година веќе не може да се реновира и надградува.

Според првите планови изградбата на новиот стадион би чинела 2,4 милијарди евра и се очекува дел од финансиската конструкција да ја покријат градските власти.

Новиот Олд Трафорд ќе се гради на локацијата каде и сега се наоѓа стадионот, а се очекува целиот проект да биде готов до 2031 година.

ФОТО: Игор Паневски