Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манчестер Јунајтед ќе продава пет фудбалери

/

пред 1028 дена

Сподели преку :

Клубот од Олд Трафорд во текот на јануарскиот преоден рок е подготвен да ја прекине соработката со пет фудбалери.

Менаџерот, Ерик Тен Хаг дал дозвола да се стават на трансфер листа Каземиро, Рафаел Варан, Дони ван де Бек, Антони Марсијал и веќе одамна отпишаниот Џејдон Санчо.

Со евентуалната продажба на овие играчи би се ослободила голема сума на пари во буџетот за плати, а најголемо оптоварување се 300.000 фунти неделно кои му се исплаќаат на Каземиро.

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, Манчестер Јунајтед очекува соодветни понуди од заинтересирани клубови, но се уште не објавува која е сумата што се бара за секој играч поединечно.

Со приходите од продажбата на петте фудбалери се планира во текот на јануарскиот преоден рок да се доведат соодветни замени и Манчестер Јунајтед да се врати во трката за највисок пласман во Премиер лигата.

ФОТО: Игор Паневски