Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манчестер јунајтед тргнува по Мејсон Маунт,

/

пред 1328 дена

Сподели преку :

Мејсон Маунт има договор со Челси до јуни 2024 година, но засега преговорите за продолжување на соработката не се позитивни.

Фудбалерот ги одби последните две понуди од клубот, па веќе на големо се шпекулира дека Маунт летово ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“. Интерес за Англичанецот веќе има од најголемите конкуренти на Челси, како Арсенал и Ливерпул, но е чини дека најсериозен фаворит за неговиот потпис би бил Манчестер јунајтед.

Менаџерот Ерик тен Хаг го сака Маунт најмногу поради тоа што може да игра на неколку позиции и тоа како полушпиц и крилен напаѓач. Засега не е јасно колкаво обештетување ќе бара Челси за Маунт, кој летово ќе има уште една година од договорот.