Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манчестер Сити ќе преговара со Гвардиол

/

пред 1242 дена

Сподели преку :

Менаџерот на Манчестер Сити, Жозеп Гвариола од раководството на клубот побарал почеток на преговори со Лајпциг за комплетирање на трансферот на Јошко Гвардиол.

Гвардиола смета дека токму хрватскиот репрезентативец е идеално решение за засилување во дефанзивниот ред и се очекува Манчестер Сити да ја исплати сумата од 100 милиони евра која Бундеслигашот ја бара за предвремен раскин на договорот.

Шефот на струката во Манчестер Сити дал дозвола да му се дозволи трансфер на Ејмерик Лапорт, а парите од неговата продажба ќе бидат искористени за да обезбедат дел од парите кои треба да му се исплатата на Лајпциг.

Гвардиол во текот на последниве неколку месеци се поврзуваше со можен трансфер во Ливерпул или Челзи, но висината на обештетувањето беше главната причина поради која двата клуба се повлекоа од трката.

ФОТО: Игор Паневски