Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манчестер Сити нов предизвик за Баерн, Реал повторно против Челзи

/

пред 1300 дена

Сподели преку :

Денеска во Нион со жрепка беа одредени четвртфиналните двојки во фудбалската Лига на шампони.

По елиминацијата на Пари Сен Жермен, Баерн за пласман во полуфиналето ќе се соочи со Манчестер Сити и Баварците дефинитивно го имаат најтешкиот пат во елиминациската фаза од елитното натпреварување.

Реал Мадрид повторно за противник имаат претставник од Премиер лигата и во репризата од минатогодишното четвртфинале ќе се сретне со Челзи.

Жрепката сакаше победниците од овие две соочувања потоа да играат во полуфиналето од шампионската лига.

Интер повторно ќе се сретне со претставник од Португалија. По елиминацијата на Порто, тимот од Џузепе Меаца за место меѓу четирите најдобри ќе се бори со Бенфика.

И во последниот четвртфинален дуел не очекува италијанска пресметка во која актуелниот првак Милан ќе игра против најверојатно новиот шампион во Серија А, Наполи.

Првите натпревари на програмата се на 11 и 12 април, а седум дена подоцна ќе се одиграат реваншите.

ФОТО: Игор Паневски