Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марк Маркез доминираше во квалификациите и спринтот на Арагон

/

пред 483 дена

Сподели преку :

Марк Маркез ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Арагон во Мото ГП шампионатот, а исто така славеше и на спринтот и тоа пред неговиот брат Алекс.

Маркез дојде до петтата сезонска пол-позиција и ја прекина низата од три последователни триумфи во квалификациите на Фабио Квартараро. Шпанецот на фабричкиот Дукати оствари време од 1 минута, 45 секунди и 704 илјадитинки. Во првиот стартен ред друштво ќе му прави неговиот брат Алекс Маркез, а трет ќе тргне Франко Морбидели. Зад нив се Франческо Бањаја, Педро Акоста и Бред Биндер.

На спринтот, Маркез повторно беше побрз од својот помал брат Алекс и ја мина целта со две секунди предност за седма спринт-победа сезонава. Третото место му припадна на Фермин Алдегер.

Утре трката за Големата награда на Арагон стартува од 14 часот.