Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марколини: Македонија е силен тим, беше на чекор до пласман на СП

/

пред 1295 дена

Сподели преку :

Репрезентацијата на Малта во овој квалификациски циклус за пласман на Европското првенство влегува со нов селектор.

Поранешниот фудбалер на Аталанта од декември минатата година ја презема селекторска функција во Малта и ќе се обиде со овој состав да направи некоја сензација.

“Оваа група е најсилна, играме со силни репрезентации. Мораме да играме без страв, и на секој натпревар да даваме се од себе. Горд сум што сум селектор. Не знам колку Македонија е посилна од нас, тоа на терен ќе се покаже. Станува збор за силна репрезентација која ја елиминираше Италија, но тој натпревар е веќе завршен. Сега е нов циклус, нов натпревар и јас се надевам ќе пружиме максимум против една добра репрезентација. Очекувам тежок натпревар”, рече селекторот на Малта.

ФОТО: Игор Паневски