Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марсијал денеска слетува во Атина за да потпише со АЕК

/

пред 747 дена

Сподели преку :

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал денеска ќе потпише договор со АЕК од Атина.

Французинот доаѓа како слободен агент откако му истече договорот со Манчестер јунајтед по завршувањето на минатата сезона. Напаѓачот девет сезони беше дел од премиерлигашот каде само на моменти покажуваше блесоци од неговиот голем талент.


Честите повреди го намалија неговото влијание во тимот, а по една неуспешна позајмица во Севилја да ја врати својата форма, беше јасно дека повеќе нема иднина во Манчестер.

Марсијал има само 28 години, а досега за француската репрезентација одигра 30 натпревари со два гола.