Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маслинко се врати во редовите на МЗТ Скопје

/

пред 753 дена

Сподели преку :

МЗТ Скопје денеска и официјално се засили со македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко. Ова е враќање на крилниот-центар во Аеродром по четири години.

Маслинко минатата сезона ја мина во дресот на Пелистер, а играше и за Гостивар и ТФТ Скопје, а во Првата македонска лига дебитираше во дресот на Работнички. ЗА МЗТ  играше од 2017 до 2020 година. Центарот е вкупно четвртото летно засилување за македонскиот шампион по Андреј Магдевски, Брандон Слај и Милош Копривица. МЗТ го задржа јадрото на тимот од минатите сезони, па тука се и Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоновски, Марко Миловановиќ и Марко Баковиќ.

Фото: МЗТ Скопје