Манчестер сити почна преговори со Челси за трансфер на Матео Ковачиќ. „Сините“ се подготвени да му дозволат на Хрватот да замине, бидејќи неговиот договор му истекува во јуни следната година.
Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола инсистира на трансферот на Ковачиќ во кого гледа идеална замена за Илкај Гундоган. Германскиот репрезентаивец го напушта „Етихад“ како слободен агент ова лето.











