Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маунт во Јунајтед ќе заработува тројно повеќе

/

пред 1194 дена

Сподели преку :

Прашање е на време кога Мејсон Маунт ќе биде промовиран во ново засилување на Манчестер Јунајтед.

Англискиот репрезентативец заминува од Челзи за сума од 60 милиони фунти, а според се уште неофицијални информации тој во новиот клуб ќе заработува тројно поголема сума.

Токму висината на платата беше една од најголемите причини зошто 24-годишниот фудбалер сакаше да го напушти Стемфорд бриџ и во новиот клуб тој ќе инкасира 250.000 фунти неделно што е драстично зголемување во однос на 80-те илјади во Челзи.

Маунт со Манчестер Јунајтед ќе потпише петгодишен договор со опција за продолжување на дополнителни 12 месеци, а во него има и клаузула според која во зависност од личните постигнувања неделната плата може да достигне и сума од 300.000 фунти.

Медиумите во Велика Британија пишуваат и за детали од преговорите меѓу Маунт и Челзи и се споменува дека неговиот матичен клуб во кој е од својата шеста година му нудела плата од 200.000 фунти, но и тоа не беше доволно да го задржи во своите редови.

ФОТО: Игор Паневски