Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мбапе собори уште еден рекорд во Франција

/

пред 1270 дена

Сподели преку :

Со погодокот што го постигна во 31. минута од натпреварот против Ленс, кој Пари Сен Жермен го реши во своја полза со 3:1, напаѓачот на актуелниот шампион Килијан Мбапе си обезбеди место во клупската историја.

За Мбапе ова беше вкупно 139 гол во Францускиот шампионат и за еден погодок го надмина досегашниот рекорд на Единсон Кавани кој во вчера беше најефикасен фудбалер во историјата на Пари Сен Жермен.

Зад водечката двојка на вечната листа се Златан Ибрахимовиќ со 113, а од активните фудбалери меѓу десетте најефикасни е и Нејмар со 82.

Доколку на головите во дресот на ПСЖ на Мбапе му се додадат и погодоците додека настапуваше за Монако, тој на своето конто во Лига еден има вкупно 155.

Вчерашниот гол за Мбапе беше вкупно 20. во текот на сезоната и стана првиот фудбалер на ПСЖ по Педро Паулета, кој четири сезони по ред има минимум 20 погодоци во првенството.

ФОТО: Игор Паневски