Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓународната боксерска федерација (IBА) отстранета од олимпиското семејство поради руски пари

/

пред 914 дена

Сподели преку :

Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана ја потврди одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за отстранување на Светската боксерска асоцијација (ИБА) од олимпиското семејство.

Судот соопшти дека ја одбил жалбата на ИБА со образложение дека организацијата не ги исполнила условите поставени од МОК за нејзино признавање.

Минатата година, ИБА го загуби својот статус во олимпиското семејство по долгогодишен спор поттикнат од неуспехот да се следат советите и упатствата од МОК, кој подолг период изразува загриженост за начинот на кој се раководи со ИБА, потпирањето на парите од руската државна енергетска компанија Гаспром, како и интегритетот на боксерските борби

Претседателот на ИБА, Рус Умар Кремљев, во ноември изјави дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд на Швајцарија во случај на негативна одлука на највисокиот спортски суд.

Боксот го задржа статусот на олимписки спорт на претстојните Игри во Париз, но МОК ќе ги надгледува квалификациите и турнирите за одличја без вмешаност на ИБА, како што беше случајот на претходните олимписки Игри во Токио.

На минатите олимписки игри од Македонија во ракмите на СФРЈ Аце Русевски и Реџеп Реџеповски имаат освоено медали.