Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мејсон Маунт и официјално потпиша за Манчестер јунајтед до 2028 година

/

пред 1189 дена

Сподели преку :

Мејсон Маунт од денеска и официјално е нов фудбалер на Манчестер јунајтед. Тој се пресели на стадионот „Олд Трафорд“ од Челси во трансфер вреден 55 милиони фунти обештетување и дополнителни пет милиони во бонуси.

Потпиша петгодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона. Маунт се приклучи на академија на Челси кога имаше само шест години, а во професионалната кариера освен „синиот“ дрес играше и за Витезе и Дерби Каунти како позајмен фудбалер.

Одигра вкупно 195 натпревари за лондонскиот тим со 33 погодоци, а за Англија има одиграно 36 натпревари и пет постигнати голови.