Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МекЛафлин го собори првиот светски рекорд во Јуџин

/

пред 1535 дена

Сподели преку :

Американката Сидни МекЛафлин го освои златото на 400 метри со пречки и таа е првата атлетичарка која постави нов светски рекорд на шампионатот во Јуџин.

МекЛафлин на целта пристигна со време од 50 секунди и 68 стотинки подобрувајќи го сопственото најдобро постигнување за 73 стоти дела и стана првата дама која во оваа дисциплина забележала резултат под 51 секунда и по втор пат оваа година има време на нов светски рекорд.

Зад МекЛафлин трката ја завршија Холанѓанката Фемке Бол и Далила Мухамад од САД.