Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меси најдобар во 2022, Белингам прв меѓу младите фудбалери

/

пред 1371 дена

Сподели преку :

Лионел Меси супериорно ја освои наградата за најдобар фудбалер во 2022 година во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика.

Капитенот на репрезентацијата на Аргентина која триумфираше на Светскиот куп во Катар освои 275 поени пред Килијан Мбапе кој доби 35 додека третопласираниот Карим Бензема стигна до 30. Зад водечката тројка со 15 поени е Лука Модриќ, а освојувачот на петтата позиција Ерлинг Халанд освои само пет.

Признанието за најдобар млад играч му припадна на англискиот репрезентативец Џад Белингам кој освои 115 бода, 20 повеќе од Џамал Мусиала од минхенски Баерн и Хрватот, Јошко Гвардиола со 55 бода.

Меѓу првите петмина се уште Гави и Едуардо Камавинга.

ФОТО: Игор Паневски