Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меси против двоецот од Франција за Златната топка

/

пред 1335 дена

Сподели преку :

Лионел Меси, Килијан Мбапе и Карим Бензема се тројцата фудбалери кои останаа во потесниот круг на кандидати за Златната топка што ја доделува ФИФА.

Во гласењето во кое учествуваа капитените и селекторите на националните тимови како и новинари и посетители на веб страницата на Светската фудбалска федерација, тројцата фудбалери освоија најмногу гласови, а кој од нив е на првата позиција ќе биде познато на 27 февруари на гала свеченоста што ќе се одржи во Париз.

Денеска се објавени и имињата на трите фудбалерки кои влегоа во најтесниот круг на кандидатки за освојување на престижното признание.

Во финалето кај дамите во конкуренција се Бет Мид, капитенката на репрезентацијата на Англија, Американката, Алекс Морган и фудбалерката на Барселона и шпанскиот национален тим, Алешија Путељас.

ФОТО: Игор Паневски