Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Михаилов по заминувањето од Вардар седна на клупата на Брера

/

пред 760 дена

Сподели преку :

Горазд Михаилов само две недели откако го напушти кормилото на Вардар од денеска има нов тренерски ангажман во Брера. Струмичани пред неколку денови ја прекинаа соработката со српскиот стратег Бојан Круљ.

Михаилов минатата полусезона и на стартот на актуелната сезона беше на клупата на Вардар, но изненадувачки си поднесе оставка по 2.коло и победата над Пелистер. Брера откако го победи токму Вардар во првото коло сега е во низа од три порази по ред па челниците на клубот се решија за смена на тренерската позиција.

Михаилов уште денеска почна со работа со тимот и ќе се обиде да ги поправи резултатите од изминатите натпревари. 50-годишниот стратег во кариерата претходно ги водеше Силекс, Борец, Тетекс, Напредок, Пелистер и Охрид.