Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милан подготвен за трансфер на Мората

/

пред 1242 дена

Сподели преку :

Според пишувањето на медиумите во Италија еден од приоритетите за Милан во текот на летниот преоден рок е ангажирање на напаѓач кој ќе ја зголеми конкуренцијата во овој сегмент од екипата.

Како прв избор на тренерот Стефано Пиоли се потенцира Алваро Мората постои голема можност шпанскиот репрезентативец по трет пат да се врати на терените во Италија.

Мората во моментов го носи дресот на мадридски Атлетико, но во текот на кариерата тој на два пати беше дел од Јувентус за кој има одиграно 131 натпревар и постигнал 35 гола.

Милан наскоро би требало да почне преговори со шпанскиот клуб со кој Мората има договор до 2024 година и да се обиде да ја намали откупната клаузула која во моментов изнесува 62 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски