Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милан се откажува од Рафаел Леао

/

пред 1297 дена

Сподели преку :

Напаѓачот на Милан и португалската репрезентација, Рафаел Леао може да биде една од ѕвездите на летниот преоден рок.

Актуелниот првак на Италија се обидува по секоја цена да го задржи Леао во своите редови, но Португалецот упорно одбива да ја продолжи соработката која завршува во 2024 година.

Според медиумите во Италија, доколку Милан не успее во преговорите за нов договор во тој случај е подготвен да му дозволи трансфер.

За Рафаел Леао интерес покажуваат неколку клубови од Европа, а пред се Реал Мадрид. Сепак за реализација на трансферот проблем е откупната клаузула од 126 милиони евра, но со оглед на фактот дека тој за една година ќе има статус на слободен играч, сумата може драстично да се намали.

ФОТО: Игор Паневски