Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милан веќе „пикираше“ нов тренер: Фонсека добива отказ по дербито со Интер

/

пред 745 дена

Сподели преку :

Милан игра очајно сезонава, а по синоќешниот пораз од Ливерпул со 1-3 на „Сан Сиро“ во Лигата на шампиони стана јасно дека клубот ќе мора да реагира.

„Росонерите“ имаат само една победа по четири натпревари во Серија А, па наводно Златан Ибрахимовиќ веќе ја планира замената на тренерот Пауло Фонсека.

Деновите на Португалецот на клупата на Милан се избројани, а по градското дерби со Интер се очекува тој да добие отказ. Италијанските новинари шпекулираат дека Ибрахимовиќ веќе стапил во контакт со поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ.

Наводно тој е изборот на раководството на Милан, но во игра е и искусниот Маурицио Сари. Од елитните тренери моментално без ангажман се и Томас Тухел и Масимилијано Алегри.